Гордон Ремзи открива трикови: Шест грешки поради кои оризот ви излегува леплив

Оризот е одличен како прилог или дел од главното јадење, но многумина несвесно прават одредени грешки при неговото приготвување.

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи ги открил своите кулинарски трикови.

Не го миете оризот пред готвење

Пред готвење, ставете го оризот во сито и добро измијте го под млаз вода. На тој начин ќе ги тргнете прашината и скробот од оризот.

– Секогаш оризот измијте го со ладна вода, бидејќи на тој начин ќе биде убав и мек кога ќе го приготвувате – вели Ремзи.

Тој, исто така, советува да додавате други зачини, за подоцна да имате убава арома. За да може обичниот ориз да стане рај за непцето, треба да се доработи. На пример, земете три парчиња кардамон и прободете ги да излезе вкусот. Овој зачин ќе го направи оризот навистина убав и миризлив.

Не додавате зачин

Ако оризот не е вкусен, веројатно не сте го зачиниле соодветно или воопшто не сте додале зачин.
Гордон Ремзи задолжително откако ќе го стави оризот во лонец, додава сол и црн пипер.

Додавате зачин по готвењето

Додавањето зачин во оризот по готвењето може да ја промени неговата текстура. Затоа, познатиот готвач советува оризот да го зачините во текот на готвењето.

Полесно е да го зачините пред да се готви оризот, затоа што ако го правите спротивното, ќе се распадне, вели Ремзи.

Користите погрешен сооднос на ориз и вода

Правилниот сооднос на вода и ориз за време на готвењето доведува до тоа на крајот од готвењето да нема вишок течност. Тогаш оризот е совршено зготвен.

Ремзи препорачува да се измери „еден дел ориз на 1,5 делови вода“. На пример, тој на 400 грама ориз става 600 мл вода.

Готвите на погрешна температура

Најдобро е да го динстате оризот, а Ремзи советува тоа да го почнете со ладна вода, никако со врела. Потоа, откако ќе зоврие, оставете да се динста 8 до 10 минути. Во овој потег е клучот на приготвувањето на совршен ориз. Не ставајте капак.

Не мешате пред послужување

Пред да го послужите оризот, лесно промешајте го со вилушка. Така ќе биде помек.

ориз

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот