Гордо се вее македонското знаме, Георгиевски на чекор до Олимписките игри

фото: фејсбук

На меѓународниот турнир во Словенија нашиот натпреварувач успеа да оствари три победи, сите со технички нокаут или апсолутна доминација.

Како вистински шлаг на успешниот викенд за македонското олимписко таеквондо, после јуниорските успеси, ни доаѓа голем сениорски подвиг на нашиот Европски Шампион Дејан Георгиевски.

Дејан Георгиевски освои сениорски златен медал за Македонија на Словенија ОПЕН Г1 (турнир кој носи бодови на официјалната олимписка листа) со три победи над Словенија, Србија и Италија, сите три со технички нокаут или апсолутна доминација.

Против Ник Аугустин од Словенија 23:3
Против Виктор Пушкиќ од Србија 30:8
Против Алекс Колован од Италија 35:3

Овој златен медал е чекор поблиску до учество на Летните олимписки игри во Токио или подобра стартна позиција на квалификациониот натпревар за олимписка норма на 17 Април 2020 година во Милано, Италија.

Георгиевски е репрезентативец во олимписко таеквондо и стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет, тој е редок пример на македонски сениорски спортист како дел од светската елита во еден олимписки спорт.

Воедно европски сениорски шампион, двапати медалист на ЕП У21, сребрен медал на медитерански игри, 12 медали од Г1 турнири, осум златни.

– Овој факт нè прави особено горди како федерација и ветуваме дека ќе направиме сѐ, за ова име да прерасне во олимписка светска величина – информираат од Македонската Таеквондо Федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот