Гордан Грлиќ-Радман: Во Унијата има позитивна клима за прием на Северна Македонија и Албанија

Гордан Грлиќ-Радман / Фото: Архива на Слободен печат

Грлиќ-Радман, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека во Унијата има позитивна клима за прием на Северна Макаедонија и Албанија, што, спред него, би бил логичен ред на настаните.

Очекуваме Северна Македонија и Албанија да добијат датум за преговори, бидејќи впрочем тие две земји и го заслжија тоа, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни и европски рабори Гордан Грлиќ-Радман, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перпесктиви на земјите од Западен Балкан.

Грлиќ-Радман, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека во Унијата има позитивна клима за прием на Северна Макадонија и Албанија, што, спред него, би бил логичен ред на настаните.

Тој потенцира дека оваа Конференција е добар вовед за Самитот ЕУ – Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај и ги одразува хрватските приоритети и заложби за интеграција на западнобалканските земји во Унијата.

Според шефот на хрватската дипломатија, европската перспектива е достажна за сите земји од Западен Балкан и Хрватска ќе работи на нивната иднина во ЕУ.

Околу можноста за блокади од некои земји челенки на пристапниот процес, Грлиќ-Радман нагласи дека Европксата унија е семејство и мора да се почитува сечие мислење. Сепак, според него, мора да се земе предвид интересот на ЕУ во услови на новата геополитика клима, па затоа Унијата има безбедносен интерес Западен Балкан да биде дел од блокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот