Ѓорчев во САД на средби со сенаторот Тед Крус и повеќе конгресмени

Влатко Ѓорчев, меѓународен секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со сенаторот во Сенатот на САС Тед Круз, како и средби со високи конгресмени во Вашингтон.

На средбата Ѓорчев истакна дека Круз е пријател на Македонија, додавајќи дека заеднички го градат пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД.

Заеднички го градиме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. Сенаторот Тед Круз секогаш е добар соговорник, вели Ѓорчев.

Ѓорчев, оствари средба и со сенаторот Дан Коуц, кој беше шеф на државното разузнавање и советник на Доналд Трамп од 2017 до 2019 година. Ѓорчев истакна дека е потребно Република Македонија да има активна надворешна политика, бидејќи така се градат македонските позиции и се создава пријателства и партнерства.

Македонија мора да има активна надворешна политика. Важно е да градиме силни пријателства и партнерства во САД. Со силна надворешна политика, ги јакнеме нашите македонски позиции. Уште еднаш, тоа е важно за Македонија, додаде Ѓорчев.

Ѓорчев при посета во Вашингтон оствари средби со Реп Бил Хуизенга, со конгресменот Роберт Питенџер, како и со Брент Мекинтош кој е актуелен потсекретар во Министерството на финансии на САД за меѓународни работи, со пратениците Елен Тране Норби од Данска, Емануелис Зингерис кој е потписник на актот за независна Литванија и пратеник од 1990 година до сега.

Ѓорчев имаше свое обраќање и во Сенатот на САД во Вашингтон на парламентарниот форум за безбедност пред околу 200 учесници – сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји, амбасадори, професори, експерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот