Ѓорчев: Во Македонија никогаш досега не се раѓале помалку деца

Во 2016 година, истакна Ѓорчев, во време на владата на ВМРО ДПМНЕ во првите три квартали од јануари до септември во Македонија биле родени 17.400 бебиња.

Според сите бројки и сите статистики Македонија се соочува со невидена досега демографска катастрофа, рече на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, пробиени се сите негативни рекорди.

-Во Македонија никогаш досега не се раѓале помалку деца, од Македонија никогаш повеќе не се иселувале луѓе. Македонија за жал со овој заевизам и со оваа влада на Заев станува празна земја и пуста земја. Тоа е жално и тажно- рече Ѓорчев.

Во продолжение, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ презентираше неколку статистички податоци.

-Заводот за статистика излезе со податоци за третиот квартал на 2019 година, падот на новородени деца споредено со истиот период 2018 година е 7,4 проценти. Демографската рецесија само во третиот квартал е – 7,4 проценти. Во истиот период во 2018 година во Македонија биле родени 5.804 деца, во 2019 година во истиот период во третиот квартал родени се 5.374 деца. Тоа не е мало намалување. Големо намалување од 430 помалку родени бебиња само во третиот квартал- кажа Ѓорчев и додаде дека во 2016 година во време на владата на ВМРО ДПМНЕ во првите три квартали од јануари до септември во Македонија биле родени 17.400 бебиња.

Како што рече тој, од бројките може да се заклучи дека, за жал, во 2019 година прв пат откако има статистика во Македонија, бројот на умрени е поголем од бројот на родени.

-Ова е буквално национална катастрофа, катастрофа за државата, катастрофа за образовниот систем, за економијата, за општините. Се затвораат училишта, помалку паралелки, стануваме за жал општество на старци- посочи претеникот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека сите надлежни треба сериозно да ја земат предвид оваа проблематика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот