Ѓорчев: На 27 април најмногу изгуби ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук

Поранешниот пратеник Зекирија Ибраими денеска сведочеше за случајот „27 април” кој се случи пред две години. Тој опиша како течел целиот ден и оти како заменик координатор имал средба со тогашниот претседавач Трајко Вељаноски на која била присутна и Радмила Шекеринска.

Тогаш било договорено седницата да продолжи следниот ден во петок 28 април. Тој беше дециден дека како заменик координатор имал право на процедурално обраќање и оти тој ден неколку пати се обраќал од говорницата.

Ибраими објасни зошто се одлучил да ја испее албанската химна. Според него, претседателот на Беса, Билал Касами неколку дена претходно имал интервју на една телевизија каде говорел дека Албанците не се чустуваат добро кога ја слушаат државната химна.

Но, бидејќи Зекирија му ги пишувал говорите, Касмами всушност требало да каже дека Албанците не се чувствуваат претставени во химната.

-На седницата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им забележуваа на пратениците на СДСМ дека соработуваат со партија која не се чувствува добо со државната химна. Кога Крсто Мукоски ја испеа македонската химна јас излегов и ја испеав албанската. Но, тоа беше моја лична одлука – рече Ибраими.

После него за „27 Април” сведочеше поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Тој рече дека со настанот од 27 април 2017 година, најмногу изгубила неговата партија, а некои лица завршиле во затвот.

Оцени дека целата постапка за избор на спикер и влада во 2017 година ќе завршела за една недела ако се причекало да завршат сите пријавени дискутанти.

Тој ден вели дека имало многу пријавени за збор, но оти претседавачот Вељаноски неколкупати повикувал пратениците да се откажат од правото на збор.

– 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби. ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на „Голи Оток”. Затоа велам дека 27 април не беше исклучок, туку еден голем план. Некој сакаше да се случат проблеми – објасни Ѓорчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот