Ѓорчев: Бројот на бебиња во јануари е намален за 20 проценти

Месечниот статистички билтен на завод за статистика на Република Македонија изнесе фрапантен, загрижувачки податок за пад на родените бебиња во Македонија во месец јануари во однос на месец јануари минатата година од 19 проценти, реагира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Тој рече дека лани во јануари биле родени 1.861 бебе, а во јануари 2019 година –  1.512 бебиња.

– Падот уште еднаш заокружено е од 1.900 бебиња на 1.500 бебиња. Станува збор за невиден досега фрапантен пад во бројот на родени деца во Македонија во една година од 20 проценти. Овие податоци зборуваат и кажуваат дека Македонија умира, дека Македонија исто така исчезнува. Дека стануваме држава и земја без народ. Господине Пендаровски, во Вашата кампања пред 5 години слоганот беше „Демографија и економија“, сега кога ја имате Вашата влада што Вас Ве поддржува и Вие ја поддржувате. Имате негативни рекорди како никогаш досега во последните 70 години – рече Ѓорчев.

Тој потенцира дека 70 години немало полош месец во Македонија.

– Прелиминарните податоци зборуваат за 21.666 родени бебиња. Никогаш помалку во Македонија. Во однос на 2016-та година падот изнесува од фрапантни 6%. Падот е речиси 1.400 родени бебиња. Ова се катастрофални бројки, овие бројки човекот го остануваат без текст. Овие бројки значи дека ќе имаме празни училишта, дека нема да може да се потполни пазарот за работната сила. Овие бројки значат дека Македонија се иселува како никогаш досега. Секогаш имало иселување, секогаш имало луѓе кои што заминуваат, но ова што се случува во моментов, е невидена демографска, економска и секаква катастрофа во Македонија. Бројките тоа го докажуваат. Ова се бројки кои што ги изнесов во делот на родени бебиња од статистичкиот билтен од заводот за статистика – рече Ѓорчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот