Ѓорческа во големото финале на турнирот во Франција

Лина Ѓорческа и Ева Ведер од Холандија најдобри во двојки на турнирот во Италија/Фото: facebook.com/aco.lukaroski

Македонската тенисерка успеа да обезбеди пласман во финалето во двојки на фјучерсот W25+H во Калви, Франција, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Лина Ѓорческа заедно со Французинката Амандин Ес како први носителки денеска во полуфиналето со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:4 славеа против Луси Нгујен Тан и Жад Суврејн, натпреварувачки од Франција.

Во борбата за трофејот Ѓорческа и Ес ќе играат против Одри Алби и Леолиа Жанжан исто така од Франција.

Финалето ќе се игра в сабота (17 април) со почеток од 16.00 часот.

На овој турнир покрај Македонија и Франција, има и натпреварувачки од Италија, Норвешка, Швајцарија и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот