Ѓорческа освои нова титула во Анталија

Лина Ѓорческа /Фото: lavoixdunord.fr

Лина Ѓорческа денеска во големото финале во Турција, на турнирот вреден 15.000 долари, после скоро два и пол часа игра ја совлада третата носителка Оона Орпана од Финска со резултат 2:1 по сетови 6:4, 6:7 (5) и 6:1.

Нашата натпреварувачка беше прва носителка во Анталија и во сингл конкуренцијата ја оправда фаворитската улога.

На патот до финалето во првото коло ја елиминираше Сафо Сакелариди (Грција) со 6:1 и 6:2, во второто коло ја совлада Џени Дуерст од Швајцарија со 6:2 и 6:0.

Потоа во четвртфиналето со 3:6, 6:2 и 6:1 беше подобра од Русинката Екатерина Рејнголд, а во полуфиналната пресметка со 6:2 и 6:3 беше поуспешна од Украинката и седма носителка, Мариана Закарлјук.

И претходно Македонката ја освои Анталија, поточно во изминатата недела како втора носителка на тврда подлога кога оствари победа над Ирина Хромачева од Русија, што беше нејзина 10. титула во поединечна конкуренција, прва годинава, а има уште пет трофеи во дубл.

Се очекува нов напредок на нашата тенисерка на ВТА ранг листата, моментно во сингл е на 435. место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот