Ѓорческа ја освои титулата во Анталија

Лина Ѓорческа /Фото: lavoixdunord.fr

Лина Ѓорческа денеска славеше во Анталија во големото финале во двојки заедно со Хрватката Маријана Дражиќ (први носителки).

Во битката за трофејот Ѓорческа и Дражиќ со резултат 7:5, 4:6, 10:7 триумфираа против вторите носителки кои доаѓаат од Холандија, Ева Ведер и Стефани Џудит Вискер.

На патот до финалето Ѓорческа и Дражиќ славеа победи уште во првото коло против Русинките Аделина Барави и Викторија Михајлова (6:2, 6:2), потоа во четвртфиналето против Лиа Каратанчева (Бугарија) и Мелис Ајда Ујар (Турција) со 6:1 и 6:2 и во полуфиналето над третите носителки Џени Дуерст (Швајцарија) и Јоана Гаспар (Романија) со 6:3 и 6:4.

На овој турнир нашата натпреварувачка играше и во сингл конкуренцијата (втора носителка) и стигна до полуфиналето каде што беше поразена од осмата носителка Магдалена Пантукова (Чешка) со 1:6 и 2:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот