Ѓорческа го освои второто место на турнирот во Словачка

фото: твитер

Најдобрата македонска тенисерка имаше четири победи на патот до финалето, но не успеа да ја помине и последната пречка на патот до титулата.

Најдобрата македонска тенисерка денеска во финалето на ИТФ Челинџер турнирот во Трнава беше поразена од Русинката Софија Лансере со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:3.

Лина Ѓорческа после триумфот во полуфиналето на турнирот во Словачка, се најде на еден чекор од трофејот, но на крајот го освои второто место.

Претходно освен победата против Ковал, нашата тенисерка забележа триумфи уште против Јани од Унгарија (6:3, 6:1), Морвајова од Словачка (5:7, 6:4, 6:4) и Романката Каданту (6:3, 6:2).

За Ѓорческа ова беше втор меѓународен настап за 2020 година, минатиот месец во Германија беше елиминирана во осминафиналните борби.

Моментно Македонката е на 400. место на ВТА ранг листата во сингл конкуренција, а во дубл се наоѓа на 211. позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот