Горбок: Понекогаш работите не одат во посакуваниот правец!

EPA/Anders Kjaerbye

Вардарци директно од Украина се упатија за Прешов, каде денеска ќе го играат натпреварот од четвртото коло на СЕХА лигата. Актуелниот освојувач на ова натпреварување гостува во Словачка, кај екипата на Татран Прешов.

„Црвено-црните“ немаат многу многу време за одмор и за анализа на противникот, но вечерва од 20.45 часот ќе треба да истрчаат на теренот и секако да победат, тоа го истакна и тренерот, Давид Писонеро кој пред денешниот дуел го изјави следново:

– Се подготвуваме за секој натпревар, иако повторно немавме многу време за анализа, со оглед дека пред два дена одигравме натпревар во Лигата на шампионите против Мотор Запорожје. Секогаш одиме на победа, така ќе биде и на овој меч од СЕХА-лигата против екипата на Татран Прешов, кој е познат ривал за Вардар од изминатите сезона во ова натпреварување. Знаеме дека играчите се уморни од долгите патувања и зафатените распореди, но наша одговорност е да се бориме за бодовите, без разлика кој и колку ќе добијат шанса за игра.

Овој натпревар го најави и левиот бек на шампионот, Сергеј Горбок кој очекува тежок меч за својот тим.

– Секогаш кога играме во Прешов е тешко, особено сега, после напорниот меч во ЛШ против Мотор Запорожје. Иако сме малку уморни, наша цел е победата од овој дуел. Претнодниот натпревар против Нексе покажа дека понекогаш работите не одат во посакуваниот правец, но ние секогаш треба да покажеме зошто сме шампион – рече рускиот интернационалец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот