Горбачов: Светот се наоѓа во опасна ситуација, ова личи на вистинска војна

Фото: ЕПА

Последниот советски претседател, Михаил Горбачов, наскоро ќе објави нова книга – својот политички тестамент.

Горбачов, во својата книга ќе ја изложи својата визија за 21. век.

„Иднината на глобалниот свет“, дело на поранешниот претседател кој денеска има 88 години, на 23. септември ќе биде објавено во Германија и на 2. септември во Франција.

– Светската политика се наоѓа на опасен раб. Сегашните воени активности личат на вистинска војна – предупредува Горбачов во делови од книгата кои ги откри неговиот издавач.

Добитникот на Нобеловата награда за мир оцени дека „заштитата на мирот е клучна за совладување на глобалните проблеми како криза на животната средина, меѓународниот тероризам, миграција и сите останати предизвици кои се во средиште на интересот на државата и меѓународните организации“.

Неговата книга ќе биде објавена пред триесетгодишнината од падот на Берлинскиот ѕид на 9. ноември, кога Горбачов беше на чело на СССР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот