Горбачов: Светот оди кон опасна ера на милитаризираната политика

Фото: Профимедиа

Последниот лидер на поранешната СССР Михаил Горбачов, ги повика САД и Русија да се вратат на преговарачка маса и да продолжат со преговорите за контрола на нуклераното оружје.

Горбачов кој како лидер на поранешната СССР е и потписник на договорот кој во 1987 година беше постигнат со тогашниот претседател на САД Роналд Реган, предупреди дека светот се соочува со опасни трендови кои се се поприсутни и се повидливи.

-Светот оди кон милитаризираната политика, констатираше Горбачов, кој апелираше до лидерите на Русија и на САД да почнат со преговорите околу нуклеарното вооружување.

Михаил Горбачов е последниот лидер на сега веќе непостоечкиот Советски Сојуз.
Беше познат по политика за контрола на вооружувањето и реформите ориентирани кон демократијата во осумдесетите години на минатиот век.

Горбачов во 1987 година заедно со тогашниот претседател на САД Роналд Реган го потпиша договорот за неширење и контрола на вооружувањето, што помогна во завршувањето на Студената војна.

Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, пред 3 месеци и формално се повлече од договорот кој се однесува на нуклераните ракети од среден домет, обвинувајки ја Москва дека прва го прекршила договорот , а потоа ги тестирале проектилите со домет кој бил забранет со овој договор.

Москва ги негираше овие обвинувања на Вашингтон, додавајки дека Русија нема друг избор , освен да продолжи со производство на овие, до неодамна забранети проектили.

Иако Горбачов нема некакво влијание во процесите на актуелната светска политика, сепак неговите ставови и натаму имаат голема тежина пред се поради неговата улога во создавањето на светската архитектура на глобалната контрола на вооружувањето во ерата на Студената војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот