Горбачов предупреди: Русија да спречи натамошен конфликт меѓу САД и Кина

Фото: Профимедиа

Пандемијата доведе до влошување на односите меѓу САД и Кина и Русија треба дипломатски да спречи понатамошно продлабочување на конфликтот, изјави поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

Тој, за јапонскиот дневен весник „Асахи Симбун” изјави дека пандемијата го влошила конфликтот што се појавил како резултат на зголемените тензии меѓу САД и Кина и дека ниту едно сценарио за развој на тој конфликт не може да биде позитивен од гледна точка на меѓународната политика.

Поранешниот советски лидер рече дека би било мудро Русија да си постави цел да спречи продлабочување на конфликтот меѓу САД и Кина на дипломатски начин.

Односите меѓу САД и Кина се влошија во текот на изминатите неколку години, меѓу другото и заради царински спорови. Ситуацијата дополнително се влоши со обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг реагирал доцна и несоодветно на избувнувањето на пандемијата во Вухан. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот