Горбачов: Лукашенко премногу доцна побара поддршка од работниците

Фото: Профимедиа

Поранешниот советски лидер сврте внимание на надворешното влијание врз настаните во Белорусија.

Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, смета дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, направил една грешка.

– Лукашенко побара поддршка од работниците во индустриските компании. Се чини – премногу доцна – рече Горбачов во интервјуто за „Комсомолска правда“, а пренесува Спутник.

Горбачов посочи дека и тој барал поддршка од работниците пред распаѓањето на Советскиот Сојуз. „Не ја добивме потребната поддршка. Не сум склон да ги обвинувам работниците“, посочи тој.

Тој исто така објасни дека ја напуштил должноста претседател на СССР со цел „да избегне раскол и внатрешна војна“. Поранешниот советски лидер сврте внимание на надворешното влијание врз настаните во Белорусија.

Масовните протести на опозицијата почнаа низ Белорусија на 9 август по претседателските избори.Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,08 проценти од гласовите. Опозицијата не ги признава резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановскаја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот