Горанчо Аризанкоски хуманист без граници

фото миа

 И покрај несигурниот економски статус, често и без стална работа, 55- годишниот Горанчо Аризанкоски од Кичево, никогаш не престанал да дарува крв и на дело да покажува дека хуманоста е негова животна девиза. Со 114 крводарувања хуманиот Горан се нареди во малубројната група  живи крводарители од Кичево, кои повеќе од 100 пати дарувале од својата драгоцена течност и, како што вели самиот, никогаш нема да се откаже од дарување крв додека тоа му го дозволува здравјето.

-Отсекогаш сум подарувал крв и во изминатите 35 години дури во 114 наврати сум подарил дел од најдрагоцената течност, што ме прави горд и среќен. Благодарение на мојата хуманост сум помогнал на многу луѓе во време кога имале здравствени проблеми или биле во животна опасност  да се излекуваат, вели Аризанкоски, кој во изминатите децении крв подарувал четири пати годишно се до денот кога тоа му го дозволувала возраста, за денеска по два пати годишно да дарува крв.

Хуманиот Горан не бирал време кога ќе подари крв, важно му било на лицата на кои им била неопходна неговата крв да ја добијат на време.

-За мене не е важно дали има или нема крводарителни акции. Јас најчесто доброволно сум дарувам крв, а тоа и денес го чинам, а да не зборуваме кога на некого му е потребна крв од мојата крвна група,  во тој случај никогаш и никого не сум одбил, додава Аризанкоски, на кого можат да му позавидат голем број на граѓани,  но и голем  на луѓе трајно да му бидат благодарни.

Забележа на односот на вработените во некои болници каде тој одел на преглед, дел од нив ја минимизирале неговата голема хуманост и му сугерирале дека треба да си плати за се што бил третиран како и сите останати пациенти. Во овој период на намален број крводарувања, лица како Аризанкоски даваат сериозен придонес да се ублажи состојбата и здравството да продолжи да функционира сосема нормално.

Видео на денот