Горан Тодоровски направи нов, двоен албум за 25 години кариера

Фото: Промо

Да се соберат 25 години работа, во двеипол децении да се спакува живот, имагинација, творештво но и занает- на нов, двоен албум, како што тоа го направи Горан Тодоровски, навистина заслужува длабок наклон.

Осмиот студски албум на Тодоровски – „Една по една“, достојно на јубилејот го има проверениот тим: Сашо Ливрински, Дејан Миленковски, Огнен Неделковски, Орце Зафировски и Ице Беличев, со кој се создавани песните.

Фото: Промо

Албумот, не само во композициска смисла туку и во однос на она што би требало да направи на заспаната фолк сцена  е создаден од песните: „Срце преполовено“, „Мојот гурбет“, „Лево десно“, „Една по една“, „Кусур од вчера“, „Се до денар ќе потрошам“, „Љубов насушна“, „Црно бела љубов“.., родени да инспирираат, да се врати ренесанса во фолк музиката.

Горан може да биде горд на годините низ кои се градел и музички созревал, бидејќи тоа искуство му овозможи на свој начин да ги „расцути“ македонските песни, да внесе свежина, исто како што направи со „Како божица“ премиерно изведена на „Сенатор фест“ 1994 година. Оваа композиција, иако Тодоровски тогаш беше анонимно, скоро голобрадо момче, веднаш стана хит.

Потоа се нижеа -„Ми ја зеде среќата“, „Како да ти речам мила“,„Пусти мерак Ратке“, „Те познавам“, „Сонце само ти“, „Солен дожд“, „За тебе се песните“.., а се останато е историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот