Горан Пандев: Најмногу го посакував Зрињски!

Слободен печат/Арбнора Мемети

Сопственикот на Академија Пандев, репрезентативецот Горан Пандев од сите противници на денешната ждрепка за квалификациите на Лига Европа најмногу го посакуваше токму претставникот на Босна и Херцеговина, Зрињски.

– Верувам дека нешто можеме да направиме против клубот од Мостар. Го почитуваме противникот во секој случај, но верувам во нашите млади момци. Горд сум на нив, бидејќи го освоија Купот на Македонија, што е историски успех за нашиот клуб – вели Пандев за „Агенција Анадолија“.

Фото: ФК Академија Пандев

Сашко Пандев, помладиот брат на Горан е капитен на Академија Пандев која во Скопје ќе го има првиот европски меч во својата историја на 11 јули, а реваншот во БиХ е седум дена подоцна.

Босанските медиуми информираат дека ова лето од ФК Академија Пандев си заминуваат двајца важни играчи Аце Стојков и Стојанче Велинов, а главна опасност може да бидат еден од најдобрите фудбалери во нашиот шампионат Љупче Дориев и младиот репрезентативец Марио Крстовски.

Да додадеме уште дека единствениот интернационалец во тимот, голманот Душан Чубраковиќ го продолжи договорот струмичкиот прволигаш на уште една сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот