Горан Пандев и Илиев тренираа со Академија Пандев (ФОТО)

facebook.com/fkakademijapandev

Иако и двајцата се на заслужен одмор, Пандев и Илиев одлучија да го искористат слободното време да тренираат со екипата на Академија Пандев.

Пандев секако како сопственик на клубот е тука со фудбалерите да ги мотивира пред следните предизвици годинава.

На овој начин и двајцата ја одржуваат кондицијата за сезоната која им претстои. Како што и објавивме Пандев се очекува уште една година да остане во Џенова.

Од друга страна, голманот Илиев е пред разделба со Арсенал и не е познато каде би можел летово да ја продолжи својата кариера.

Во меѓувреме „пандевци“ тренираат месецов пред својот дебитантски настап во квалификациите за Лига Европа.

Во вторник во Нион ќе го дознаат својот ривал во првото квалификациско коло на ЛЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот