Горан Мисовски за СП: Нема логика ВМРО-ДПМНЕ да собира потписи, освен да си го „тестира“ членството

Според собранискиот Деловник ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да собира никакви потписи од граѓани, со кои наводно ќе го блокира пописот, бидејќи нивната пратеничка група може во секое време да поднесе било какво предлог-законско решение – вели за „Слободен печат“ Горан Мисовски, потпретседател на Собранието од редовите на НСДП.

– Обидот за собирање потписи е во функција на консолидација на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на партискиот лидер Христијан Мицкоски е преку една ваква иницијатива да ја тестира партијата, односно да види колкава му е поддршаката кај општинските комитети, бидејќи нема целосна доверба во нив. Иницијативата за „паѓање“ на Законот за попис е внатрепартиска пресметка, на сметка на статистичка операција од која зависи иднина на државата. Со пописот освен што ќе се преброиме, ќе се утврдат и параметрите – како понатаму ќе се креираат економските, образовните културните и здравствените политики – вели Мисовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот