Google Play Store е полн со опасни апликации

Се чини дека не можете само така да верувате дека апликациите во Google Play Store се безбедни. Всушност, истражувањето кое беше спроведено во текот на дури две години, тоа експлицитно го прикажа.

Универзитетот во Сиднеј пронајде дури 2.040 малициозни и злонамерни апликации на популарниот сервис за Android платформата.

Во истражувањето беа анализирани милион апликации кои се наоѓаат во Google Play Store. Беа пронајдени голем број лажни апликации, апликации кои барале пристап до голем број на приватни податоци за корисниците, а интересно е тоа што некои од овие апликации спаѓаат и некои популарни игри, меѓу кои се Hill Climb Racing или Temple Run.

Со цел успешно да анализираат толку голем број на апликации, истражувачите користеле различни методи за машинско учење.

Алгоритмите така пронашле дури 49.608 потенцијални закани. Потоа со помош на софтверот VirusTotal, точно 7.246 апликации биле окаретизирани како малициозни, додека од нив 2.040 апликации биле означени како лажни или со висок ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот