Гомељски: Не му завидувам на Емил Рајковиќ

Емил Рајковиќ /Фото: pbcastana.kz

Познатиот руски кошаркарски коментатор Владимир Гомељски смета дека пред македонскиот стручњак кој го презеде ЦСКА Москва се големи предизвици и притисоци

Познатиот руски кошаркарски коментатор Владимир Гомељски призна дека не му завидува на новиот тренер на ЦСКА Москва Емил Рајковиќ.

– За Македонецот ова е предизвик. Тој никогаш претходно не работел за клуб кој има за цел да победи на секој натпревар. Тој сега од една страна има проблеми со селекцијата, а од друга со сопствената психологија. Тој е тренер од средната генерација, се договори, потпиша договор. И сега тој разбира каков резултат се очекува од него и какви средства има за да го постигне тој резултат. И не му завидувам – вели коментаторот за „Раша тудеј“.

ЦСКА Москва идната сезона нема да игра во Евролигата, туку во регионалната лига ВТБ. Затоа поголем дел од носечките играчи го напуштиле или ќе го напуштат тимот. Но каква и да е ситуацијата, фановите на ЦСКА ќе бараат победи од својот тим и затоа идната сезона ќе биде голем предизвик.

Рајковиќ денеска во престолнината на Русија официјално беше промовиран во нов тренер на ЦСКА Москва.

Владимир Гомељски е некогашен руски трофеен кошаркар, а сега коментатор. Тој е син на легендарниот тренер Александар Гомељски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот