Голото тело на Миа Костова го красат две нови тетоважи: Кое е нивното значење?
Позната македонска водителка, а сега актуелна инфлуенсерка, Миа Костова, секогаш зборува отворено пред своите следбеници на бројни теми, а притоа не ги крие од јавноста промените кои ги прави на своето тело.
Миа покрај тоа што е популарна на социјалната мрежа Инстаграм таа неодамна е активна и на YouТube, на својот канал каде споделува најразлични забавни видеа на бројни теми.
Последната фотографија која Миа ја сподели на својот инстаграм – профил е со цел да ги покаже нејзините нови тетоважи, а по тој повод го покажа и своето голо тело.
По објавувањето на фотографијата Миа отвори и можност нејзините следбеници да постават прашања на кои таа јавно им одговари, а едно од најчестите прашања беше кое е значењето на тетоважите.
Миа на тоа одговори дека сите нејзини тетоважи немаат значење.
Таа исто така сподели дека досега нејзиното тело го украсила со околу 20 тетоважи и дека првата тетоважа ја направила кога била малолетна, но со одобрение на нејзината мајка.
Таа исто така сподели и дека тетовирањето, особено на последните тетоважи поради специфичноста на местото било поприлично болно.
Покрај тетоважите кои привлекоа најголемо внимание, Миа направи и неколку помали тетоважи на нејзините раце.
Под фотографијата која предизвика најголемо внимание, Миа напиша:
„Уметност која ги премина нашите граници оддамна. Не е нешто за кое треба да се сложиме, едноставно е така“.
„п.с Знам дека сликава не личи на мене, ама ова што е нацртано по мене заслужи ваква слика, сѐ друго ќе беше фолирање“.