ГОЛОТИЈА, СЕКС И ДРОГА на плажа во Албанија (ВИДЕО)

Принтскрин

Голи на пливање или на пешачење на плажа. Ова се случува на плажата Вила Баштова во вливот на Шкумбин, Албанија, каде екипата на албанската телевизија ABC News се соочи и со потешкотии за време на реализирањето на веста.

Ниту ги интересираше, ниту пак се грижеа. Туку имале групен секс. Голем број на кампинг возила застанале на ова место веќе две недели. Во оваа зона смрди на хашиш, но и на други дроги.
Трагите се видливи насекаде. Шприцови и цевка останале се уште над импровизиран оџак за подготовка на наркотици.

Новинарската екипа на ABC News се обидела да разговара со некој од младите луѓе кои одмораа на ова плажа, но беа одбиени. А најхрабрите, им се заканиле на снимателот и на новинарот веднаш штом ја виделе камерата. Сепак, територијата се чинеше дека е расчистена. Туристите ги собрале отпадоците и ги ставиле во пластични кеси.

На ова место каде што пристигнале овие туристи на секс, дрога и музика, нема локални жители. Во Вила Баштова плажата е напуштена од локалното население, известува ABC News.

ABC News објави и видео кое можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот