Голот на Манасков со кој го реши Исланд (ВИДЕО)

Дејан Манасков се враќа во националната селекција на Македонија/фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Дејан Манасков со голот во последната секунда ѝ донесе победа на Македонија на гостувањето кај Исланд со 34:33 во рамките на квалификациите за Европското првенство 2020 година.
На четири секунди до крајот беше досуден пенал за Македонија, голманот на Исланд Густавсон го одбрани шутот, но за наша среќа одбиената топка дојде до Дејан Манасков, кој беше прецизен и ѝ ја донесе првата победа на Македонија на гости во дуелите со Исланд. Токму херојот Манасков со осум постигнати голови беше најпрецизен, другото крило Гоце Георгиевски даде еден гол помалку, додека Кире Лазаров постигна шест голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот