Голманот Шишковски верен на Докса до 2024 година

Македонскиот голман го продолжи договорот со кипарската Докса/Фото: ФФМ

Македонскиот репрезентативен голман одлучи да ја продолжи соработката со екипата на Докса.

Чуварот на мрежата Дамјан Шишковски официјално го продолжи договорот кој ќе трае до 2024 година.

Пред да се пресели во Кипар 26-годишниот голман играше беше член на Работнички, Гент, Лахти и РоПС.

Минатата натпреварувачка сезона Шишковски во кипарскиот шампионат запиша 34 настапи.

Новата сезона во првенство ќе стартува на 20 август кога Докса му гостува на АЕК Ларнака во чии редови настапуваат Стефан Спировски и Иван Тричковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот