Голманот на руската хокеарска репрезентација испратен на отслужување воен рок

Иван Федотов е голман на руската хокеарска репрезентација/фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Голманот на руската хокеарска репрезентација, Иван Федотов е испратен во Северодвинск на отслужување на воениот рок.

Оваа вест ја објави весникот „Известија“ кој се повика на објавата на новинарот на Спорт-Експрес, Алексеј Шевченко.Весникот пишува дека Федотов на 1 јули е задржан во Санкт Петербург во налог на военото обвинителство, а наредниот ден е објавено дека хокеарот може да добие и двегодишна затворска казна поради избегнување на служење воен рок.

Адвокатот на хокеарот, Алексеј Пономарјев, за медиумите изјави дека Федотов е однесен цво канцеларија за регрутација, а потоа и во воена болница на прегледи бидејќи се пожалил дека не се чувствува добро.

Северодвинск е втор град по големина во областа Архангелск и се нааѓа на 1000 километри северно од Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот