Голманот на Баерн има авантуристички дух: Ноер од Минхен тргна за Хрватска со велосипед

Мануел Ноер/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Голманот на Баерн и на германската репрезентанција, Мануел Ноер ги започна „подготовките пред подготовките“ и тргна во најголемата авантура во неговиот живот, од Минхен до Хрватска ќе патува со велосипед.

Ноер „се вљуби“ Хрватска и три години по ред одмораше во Дубровник. Голманот на Баерн пред еден месец одмораше во Дубровник, а сега одлучи повторно да се врати, само со друго превозно средство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Manuel Neuer (@manuelneuer)

– Мојата претсезона пред претсезоната. Одлични момци и возење велосипед до Хрватска. Одиме! – напиша Ноер на својот профил на Инстаграм.

Голманот во Хрватска ќе остане неколку дена, а неодамна откри дека е воодушевен од убавините на Далмација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот