Голманот на Аталанта конечно го победи коронавирусот

twitter/Atalanta News

Италијанскиот тим соопшти дека голманот Марко Спортиело по седум недели, конечно се опорави од коронавирусот.

Резервниот голман беше првиот фудбалер на Аталанта кој беше позитивен на ковид-19, а потоа беше позитивен и на наредните три тестови.

Денеска, и вториот тест на Спортиело беше негативен, со што доби потврда од докторите дека е излечен и може да се врати на тренинзите.

Бергамо е еден од најзагрозените градови во Италија од пандемијата на коронавирусот, дури една петина од градот кј има околу 120.000 жители беа позитивни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот