Голманот Асмир Беговиќ на прегледи во Милано (ВИДЕО)

фото: твитер

Босанскиот чувар на мрежата е на чекор од потпис со „росонерите“, се очекува да биде замена за Пепе Реона кој се врати во Англија.

Асмир Беговиќ (32) вториот дел од сезоната ќе го помине како член на Милан, тој пристигна во Милано да ги помине лекарските прегледи, а потоа ќе следува и официјалниот потпис на договорот.

Беговиќ е веќе во клиниката „Мадонина“, а неговото доаѓање веднаш го снимија и бројните италијански медиуми.

Како што беше најавено и во изминатиот период, босанскиот голман од Борнмут доаѓа на позајмица на „Сан Сиро“ до крајот на сезоната. Се очекува да биде замена за Пепе Реина кој би требало да се врати во Англија, поточно во составот на Астон Вила.

После доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ, калчолигашот ќе ангажира уште едно звучно име кое претходно настапуваше своевремено за екипата на Челзи. Со лондонските „сини“ успеа да ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2016/17, а беше и финалист во ФА купот.

Да додадеме уште дека досегашниот играч на Милан, Матија Калдара ја засили Аталанта на позајмица која ќе трае 18 месеци со можност да биде откупен играчот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот