Голи на снег: Поради новиот тренд, Инстаграм „гори“! (ФОТО)
Дека Инстаграм стана многу важен дел од нашите животи вели и фактот дека не поминува многу време, а да не се појави нов тренд за фотографирање на оваа мрежа.
Така сега на почетокот од зимската сезона се појави нова хит-поза која, судејќи според лајковите и фотографиите, ги воодушеви девојките ширум светот.
Дека дамите се спремни да направат се за добра фотографија, доказ се фотографиите на кои жените позираат во снег, носејќи само минијатурен костим за капење на себе.
Овој необичен тренд на позирање го покрена миленичката на модната индустрија, 24-годишната манекенка Кендал Џенер која на една планина се фотографираше во розови бикини.
Сестра ѝ Кортни Кардашијан „препиша“ од неа и зазема слична поза.
Но, тие не се единствените кои се соблекоа и го покажаа своето тело дури и на најниските температури.