Голгота: Од Македонија се вратил во Австрија со корона, па го прекршил карантинот поради кучето

epa-efe
Се уште е непознато колку овој нов сој на Делта варијантата е поопасен од претходниот основен Делта тип на вирусот / Фото: EPA

Угостител со македонско потекло е осуден од судот во Линц на парична казна од 2.400 евра поради прекршување на карантинот.

Македонецот чие име не се споменува имал уште два дена да отседи во карантин, но излегол предвреме за да го прошета кучето.

Решил да го истрча во блиската шума и сега скапо ќе плати за тоа.

Австриските медиуми објавија дека тој и неговата сопруга престојувале во ноември во Македонија, по што морале да отседнат во карантин зошто сопругата била позитивна на коронавирус, а со неа и тој.

Потоа, на 22 ноември, и тој добил благи симптоми и излегол позитивен на корона-тестот.

Осум дена подоцна, два дена пред крајот на карантинот, тој го прекршил законот.

Имено, полицијата дошла до зградата во која живее Македонецот и му се јавила на неговиот мобилен телефон, барајќи да се појави на прозорецот и да мавта.

Сепак, угостителот токму тогаш бил на прошетка со кучето, што и го соопштил на полицијата, која му напишала пријава.

Судијата пресече дека шетањето на кучето не е причина да прекине карантинот.

„Таму шетаат и други луѓе, тоа не е одвоена шума“, нагласи судијата Андреа Хајдфогел.

Македонецот објаснил во судот дека ротвајлерот морал да излезе во природа, бидејќи станал агресивен заклучен во четири sида.

„Не бев свесен дека можам да заразам некого и не верував дека сум заразен“, рекол тој.

Државниот обвинител Рајнхард Штајнер изјави дека прошетката на ротвајлерот можат брзо да се претворат во борба со кучиња, па затоа би било тешко да се држи дистанца од другите сопственици на кучиња.

Судот оцени дека Македонецот свесно го нарушил карантинот и затоа парично го казнил, земајќи ја предвид моменталната тешка состојба на угостителот при утврдувањето на висината на казната.

Македонецот сепак смета дека казната е превисока и најави жалба, ја пренесуваат неговата приказна австриските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот