Фото: МИА

„Голф“ се преврте кај Крива Паланка, загина возачот

Автомобил „Голф“ денеска околу 14 часот излетал од патот и се превртел на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка, при што загинал 80-годишниот возач, соопшти полицијата.

– Денеска во 14 часот во Одделот за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на експресен пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “фолксваген голф” со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Б.С. излетало од патот. Во незгодата, осумдесетгодишниот сопатник Б.П. починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и сопатникот М.П., информира портпаролот на Сектор за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот