Голф-клубот на Трамп на Флорида затворен делумно поради појава на ковид-19

Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Мар-а-Лаго, клубот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, е делумно затворен поради појава на Ковид-19, јавија американските медиуми.

Информациите доаѓаат од повеќе извори, вклучително и член на клубот кој вчера бил телефонски известен за затворањето. Рецепционер во одморалиштето потврди, додавајќи дека затворањето е до следна наредба, без да даде детали. Според извор запознат со активностите на клубот, дел од него бил накратко затворен како мерка на претпазливост, а некои вработени биле ставени во карантин.

Засега не се знае колкулица се заразени, кои делови од клубот се затворени или како тоа влијае на поранешното прво семејство.

Трамп се пресели во Мар-а-Лаго по напуштањето на Вашингтон.

Неговите портпароли се уште не одговориле на барањата за коментар.

Поранешниот претседател беше хоспитализиран во Ковид-19 минатата година, а потоа се вакцинираше против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот