Големо реми на Шкендија во Стокхолм, идната недела во Скопје игра за плеј-оф во Лигата на конференции

Фото: EPA-EFE/Ali Lorestani

Фудбалерите на Шкендија продолжуваат со одличните игри во квалификациите за пласман во Лигата на конференции и во првиот натпревар од третото коло одиграа 1:1 во Стокхолм против АИК и во реваншот кој идниот четврток ќе се игра во Скопје, имаат одлична можност да обезбедат пласман во плеј-офот.

Тетовските „црвено-црни“ натпреварот го започаа фантастично, поведоа по само 26 секунди игра откако Ферхан Хасани успеа да одзеде една топка во половината на шведскиот тим и потоа со прецизен удар од работ на шеснаесетникот да ја затресе мрежата на Кристофер Нордфелд.  АИК до израмнување дојде во 17 минута и тоа со голот на Џон Гуидети.

Во продолжение од натпреварот, мрежите мируваа иако и двете екипи имаа свои шанси и патникот во бараж двомечот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции ќе го одлучат во реваншот кој ќе се игра идниот четврток в Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот