Големо поевтинување на горивата

Гориво / Фото: МИА

Со новото намалување, цената на горивата во просек паѓа за 4,5 денари за литар.

Светските текови на нафтата повторно ја урнаа цената на црното злато и во малопродажбата секаде во светот ни и кај нас. Според тековните движења регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука за намалување на нафтените деривати.

Со новото намалување цената на горивата во просек се намалува за 4,5 денари за литар, а ваквиот пад доаѓа по падот на светските берзи од 9,18 отсто про тргување со нафта.

Според новиот ценовник, кој стапува во сила од полноќ, бензинот Супер-95 поевтинува за 5,00 денари и ќе се продава по цена од 49,50 денари. Супер-98 поевтинува за 4,50 денари и ќе се продава по цена од 52,00 денари, а Дизелот, ќе биде поевтин за 3,00 денари и ќе се точи за 45,50 денари по литар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот