ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: На еден остров пронајдена пирамида стара 4.500 години (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Археолозите истражуваат мал остров во Егејското море каде, како што сметаат, се наоѓала една од најстарите градби од античкиот свет.

Островот Керос бил една од најимпресивните локации на Егејското море во периодот од 3000. до 2000. година пред новата ера, во рамките на грчката цивилизација.

Овде се наоѓа и структура со облик на пирамида, а изградена е од мермер донесен од оближните егејски острови со дрвени бродови. Се смета дека пирамидата е стара околу 4.500 години.

-Тоа била најголемата праисториска транспортна операција. Ова покажува колку народот од бронзеното време имал развиена важна поморска врска – вели научничката Џулијан Вајтврајт.

Голем дел од мермерот стигнувал од островот Наксос, а според некои проценки, се смета дека за тоа биле потребни околу 3.500 полвидби со 24 морнари, кои непрекинато веслале на отвореното море по околу пет часа.

Грците ја изградиле големата структура, користејќи 10.000 тони мермер, комплетно менувајќи го обликот на Керос, остров денеска познат како Дескалио.

Истражувањата покажале и дека Керос бил најстариот регионален верски центар во Егејското море, претходник на блискиот остров Дилос, кој важел за родното место на Аполон, Богот на музиката и светлоста на древните Грци.

Оваа пирамида исто така е стара исто колку и првата египетска пирамида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот