ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО САРАЕВО: Авионите пренасочени кон Белград и Загреб

Големото невреме во Сараево и намалената видливост предизвикаа проблеми во доцните попладневни часови и протокот на воздушниот сообраќај, јавуваат тамошните медиуми.

Два авиони не успеаја да слетаат и беа пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб, пренесува порталот Кликс.

Авион на компанијата „ФлајДубаи“, кој леташе од Дубаи кон Сараево требаше да слета на аеродромот во Сараево во 5.55 часот. Тој кружеше околу половина час, но не успеа да слета и полета за Белград.

Авионот „Јуровингс“ од Штутгарт, кој требаше да пристигне во 17.10 часот, беше пренасочен кон Загреб, по 10-минутно кружење над сараевскиот аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот