ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА: Град со големина на портокал, 18 повредени (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град со големина на портокал ја зафатило Италија, а 18 лица се хоспитализирани, пренесуваат локалните медиуми.

Повредените се однесени во болница, со повреди на глава и модрици. Во невремето паднале и двестегодишни борови дрва во близина на Равена, а поплавени се делови на Ромања и Абруцо.

По бурата во Пескара, улиците се претворени во реки на неколку локации.

Патот над градот е напукнат, поради што градоначалникот Карло Масци испрати итна помош на местото на настанот.

Силното невреме што изминатите два дена ја зафати Италија предизвика незапаметени поплави.

– Особено сум загрижен поради силните дождови, бидејќи можат да предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето во Италија – изјави метеорологот Тајлер Роуз.

Бурата во централниот дел на Италија исто така може да предизвика проблеми и на патиштата.

Според метеоролозите, утре се очекува ново невреме во јужна и југоисточна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот