ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Паднати стебла и силен ветер го кочат сообраќајот – Слободен печат
ВестиРегион

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Паднати стебла и силен ветер го кочат сообраќајот

На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Хрватска е погодена од бура, која создава големи проблеми во сообраќајот, посебно на приморјето каде дува многу силен ветер.

На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Пожарникарските служби се на терен, каде интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во Дубровник и околината на градот. Во текот на денот во Дубровник брзината на ветрот достигна и 143 километри во час.

Слично невреме го погоди и Сплит, каде ветрот корне дрвја и поместува контејнери. Од бурата падна и фасадата на едно сплитско училиште, пренесува хрватскиот весник „Јутарњи лист”.

Невремето предизвика проблеми и за населението во подрачјето на Шибеник, каде во одредени подрачја наврнаа дури 30 литри дожд на метар квадратен.

Метеоролозите предвидуваат дека слично време ќе се задржи и во текот на ноќта и утрешниот ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close