Големо невреме ја погоди Тузла (ВИДЕО)

Градскиот кризен штаб за Цивилната заштита на Тузла синоќа прогласи состојба на природна непогода на вонредна седница, по невообичаено невреме што го зафати овој град во Босна и Херцеговина.. Првите информации покажуваат дека штетата во овој град е исклучително голема, а сите расположиви екипи се на терен, пренесува порталот Kликс.

Во Тузла синоќа паднаа 70 литри дожд на метар квадратен за 40 минути, што доведе до големи поплави и предизвика значителна материјална штета во целиот град. Екипи од противпожарната служба испумпуваат вода надвор од зградите во градот, а одводите се чистат. Синоќа, после еден час на подрачјето на Тузла, се случи целосен колапс, поради силниот дожд проследен со засилен ветер и грмежи.

За неколку минути беа поплавени градските улици, автомобилите тешко се движеа, а ветрот кршеше дрвја. Исто така, поплавени се десетици станбени и деловни згради, а некои населени места се без струја и вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот