Големо изненадување, Путинцева ја шокираше Осака

фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Осака иако важеше за една од фаворитките за шампионската титула, изненадувачки уште на самиот старт доживеа пораз.

За елиминацијата на јапонската тенисерка Осака се погрижи натпреварувачката од Казахстан, Јулија Путинцева која славеше со 2:0 по сетови 7:6 (4) и 6:2.

Путинцева која е 37 места послаборангирана од Јапонката, во второто коло ќе игра против Викторија Голубиќ од Швајцарија.

Токму пласманот во второто коло е најголемиот успех на Путинцева на „Вимблдон“.

Од друга страна, двократната Грен слем шампионка Осака во претходните два играше во третата рунда, а на почетокот од годината беше прва тенисерка на светот.

Објавивме веќе дека фаворитите беа успешни на стартот од натпреварувањето, меѓу нив Ѓоковиќ и Халеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот