ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Еве какви ПРОМЕНИ ќе се случуваат по смената на Болтон (ВИДЕО)

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, беше изненадно сменет од неговата позиција, што може да се види како последица на нивен личен конфликт, но и како ривалство помеѓу Болтон и државниот секретар Мајкл Помпео.

Тоа што сега е повеќе од извесно е дека заминувањето на Џон Болтон ќе има силно влијание на позиционирањето на американската надворешна политика во иднина.

Британскиот весник Гардијан направил пресек на земјите, накај кои САД би можеле да го променат курсот по смената на советникот Болтон.

Меѓу тие земји се Авганистан, Венецуела, Иран, Русија и Северна Кореја.

Болтон бил познат како жесток противник на планот кој предвидуваше останатите американски трупи да го напуштат Авганистан до крајот на годината, а британскиот весник откажувањето на Трамп од разговорите со Талибанците го интерпретираат како приближување на ставовите на Болтон.

Меѓутоа, тој потег може да се гледа и како притисок на одбранбената заедница, која претходно изрази загриженост дека американскиот претседател би можел да ги препушти терористите во Авганистан, без никаков план кој би вклучувал заштита на легитимната авганистанска влада до одржување на изборите.

Кога се збори за Венецуела, советникот Болтон не се двоумел да разговара за праќање на американски војници во оваа земја, бидејќи сметал дека на тој начин Николас Мадуро би бил лесно тргнат од власт и дека војската ќе се сврти против него.

Таа процена подоцна испаднала премногу оптимистична, по што Џон Болтон ја изгубил довербата на Трамп.

Помпео, Болтон и потпретседателот на САД, Мајк Пенс, го советувале Трамп ова лето, да изврши напад на Иран откако била соборено американското беспилотно летало, но Трамп сепак се повлекол, стравувајќи од последиците на воена конфронтација.

Сега, кога Болтон веќе не е советник за национална безбедност на Трамп, постои веројатност дека Трамп сепак ќе се сретне со иранскиот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации подоцна овој месец, а што го наговести и државниот секретар Помпео.

Болтон не бил способен да ја набљудува Русија надвор од рамката на Студената војна, кој бил познат и како противник на политиката на Путин, а сега не е претерано да се очекува отворање на Вашингтон спрема Москва, особено во контекст на улогата на Франција и Емануел Макрон во охрабрување на дијалогот за Украина.

Анимозитетот на Болтон спрема Северна Кореја доѓал до израз за време на неговото делување во администрацијата на Џорџ Буш, а како што се наведува, неговото заложување за одлучна политика спрема севернокорејската диктатура го довела до конфликт со Трамп, кој и покрај противењето на својот советник за безбедност, неколку пати се состанал со Ким.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот