Големо е егото на Роналдо, го блокира Трансфермаркт кога виде колку е проценет

Кристијано Роналдо/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо често знае својот арогантен став да го покаже на натпреварите, често се лути на судиите, соиграчите, тренерите, а медиумите откриваат дека во март минатата година направил нешто неверојатно, ја блокирал на Инстаграм познатата страница Трансфермаркт.

Трансфермаркт кое претставува своевиден репер кога станува збор за пазарната вредност на фудбалерите, во 2019 година направил најдобар тим од играчи на кои агент им е Жорге Мендеш.
Тогаш интернет страницата го проценила Португалецот на 75 милиони евра.

Тие тогаш го „тагнаа“ профилот на секој фудбалер, освое на тој на Роналдо, а притоа објавија дека проблемите биле од технички причини. Сега еден од модераторите на интернет страницата на Трансфермаркт, Кристијан Шварц, објасни што се случило.

– Го имавме најскапиот тим од играчи на Мендеш и мислам дека на Инстаграм поставивме листа од десет највредни фудбалери постари од 33 години. Роналдо беше на првото место, но се јави и рече дека би требало да има поголема вредност. Им испрати порака на нашите колеги на социјалните мрежи. Тие му одговорија ѝ му објаснија како се пресметува вредноста на играчот и зошто тој вреди 75 милиони евра. Не вредеше ниту тоа што му објаснија дека е најскап фудбалер кој е постар од 33 години и дека е прв на листата. Тоа не беше доволно, па испрати „смајли“ и не блокира – објаснува Шварц.

Во меѓувреме, вредноста на Роналдо падна од 75 на 35 милиони евра и денеска се наоѓа на 136 место на најскапи фудбалери на светот. Сепак, Португалецот има најголема вредност кога станува збор за фудбалери постари од 34 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот