Големите пожари во Турција се приближуваат кон термоцентрала

Фото: Миа

Голем пожар се шири кон турска термоцентрала (ТЕЦ), а земјоделци во паника го тераат добитокот во близина на морето, откако шумските пожари, во кои загинаа осум лица, беснеат седми ден по ред.

Турција е зафатена од најкатастрофални шумски пожари досега, уништувајќи шуми и богати земјоделски површини долж делови од турскиот медитерански и егејски брег.

Исплашени туристи биле принудени да се качат на безбедносни чамци, а десетици села се евакуирани откако силните ветрови и високите температури го проширија пламенот.

Во градот Мармарис се забележани земјоделци како ги извлекуваат животните од запалените плевни и ги повлекуваат на безбедни места кон плажите.

Температурите од над 40 степени Целзиусови во јужниот дел на Турција, исто така, предизвикаа рекорден скок во потрошувачката на електрична енергија, поради што вчера беше прекинато снабдувањето со струја во Анкара и Истанбул.

Градоначалникот на егејскиот крајбрежен град Милас, Мухамет Токат изрази загриженост поради евентуалната катастрофа доколку неконтролираниот пожар, од кој се издигнуваат огромни облаци чад над регионот, ја зафати локалната термоцентрала.

„Ова е критично место. Пожарот стигна до станбени комплекси. Доколку премине преку ридот, тоа значи дека огнот ќе достигне сосема нова димензија“ објави Токат на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот