Големите пожари прават хаос во Русија: Прогласена вонредна состојба во четири региони

Фото: Принтскрин

Во четири региони во Русија е прогласена вонредна состојба поради шумски пожари. Мерките се однесуваат на целата територија на регионите Иркутск и Краснодар, два реони на Бурјатија и еден во Јакутија, јавија руските медиуми.

Вкупната површина на пожарите изнесува околу 2,7 милиони хектари, соопшти рускиот премиер Дмитриј Медведев на средба со вицепремиерот и министер за природни ресурси Дмитриј Кобилкин.

– Постои опасност за населените места во близина. Властите постојано ја следат ситуацијата и ќе сигнализираат при опасно загадување на воздухот – рече Кобилкин.

Според него, околу 95 проценти од вкупниот состав на федералната агенција за шуми се мобилизирани за справување со катастрофата. Дополнителни 100 професионални падобранци се вклучени во борбата против ширењето на огнот, а уште толку се во состојба на готовност и веднаш можат да бидат распоредени, информира министерот.

Според Медведев, во моментов нема закана за животот и безбедноста на локалните жители, но додаде дека ситуацијата е многу сложена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот