Големите коалиции во преговори со помалите партнери

Фото: Слободен печат

До каде се преговорите за формирањето на предизборните коалиции, ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека се при крај, но и дека досегашниот број, од околу 16 на помали политички партии, ќе се зголемел.

Од партијата на Мицковски велат дека точната бројка на Коалицијата ќе ја соопштат следната недела. Од СДСМ велат дека веќе предводат коалиција од околу 30-тина политички партии, но дека се отворени и за нови соработки.

– СДСМ веќе предводи коалиција од 30-тина партии. Досегашната соработка во делот на остварување на програмските определби е успешна и по години стагнација денес државата е на прав пат. Се спроведуваат мерки во интерес на граѓаните и сето тоа отвора можности оваа коалиција дополнително да се зголеми со нови партнери. Она што досега го спроведовме наиде на широка поддршка и од други политички субјекти, така што веруваме дека коалицијата може да се прошири дополнително и да создадеме најголема коалиција од независноста до денес – велат од СДСМ.

Вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, рече дека разговараат со помали политички партии, дури и со партии од владејачката коалиција.

– Ќе кажам две работи, политичките партии кои се дел од коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат, но има интерес да ни се приклучат и други политички партии. Тие не се во сојуз ни со ВМРО-ДПМНЕ ни со СДСМ, а дел пак се политички партии кои се во сојуз со СДСМ. Мислам дека многу брзо не подоцна од следната недела ќе излеземе со целосна слика кои се политички партии ќе влезат во сојуз со ВМРО-ДПМНЕ, но можам да кажам дека ќе биде многу поголема од досега што беше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – велат од оваа партија.

Во ДУИ веќе се изјаснија и рекоа дека на овие предвремени парламентарни избори ќе настапат сами. Во моментов паријата правела длабоки анализи за изборниот настап. Високиот партиски функцонер Арбр Адеми денеска на прес конференција рече дека како и секогаш ДУИ се подготвува да ги предложи најдобрите кандидати кои на достоинствен начин ќе ги претставува Албанците.

– Очекувам фер и демократска, мирна кампања. Максимално сме фокусирани за следната победа на ДУИ. И секогаш кога ДУИ била на власт се организирани фер и демократски избори без инциденти со прифатливи резултати за сите актери – рече Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот