Големите европски економии бараат сеопфатен план за раст на индустријата

Индустриите во Европа ќе треба да се соочат со шокот за да го надоместат периодот на блокада, а „ќе биде потребно време да се премине од фазата на блокада во фаза на стабилизација и целосно обновување на производството”.

Индустриските здруженија на Италија, Германија и Франција подготвија документ со кој ги повикуваат владите и институциите на ЕУ на амбициозен одговор и европско обновување без преседан, кое како приоритет ќе ја има солидарноста, одржливоста и дигитализацијата.

Во документот, претседателите на моќните големи индустрии на трите држави изразуваат длабока загриженост за економските, социјалните и политичките последици од пандемијата, заснована врз проценката дека не се сите земји подеднакво погодени од епидемијата и дека некои индустрии, и покрај преземените вонредни мерки за помош, нема да можат да ги избегнат економските последици врз производството, вработувањето и јавната потрошувачка, сè додека здравствената состојба не се врати под контрола.

Големите индустрии, се наведува во документот, ќе треба да се соочат со шокот за да го надоместат периодот на блокада, а „ќе биде потребно време да се премине од фазата на блокада во фаза на стабилизација и целосно обновување на производството”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот