Големиот Том Хенкс стана ѕвезда на стримингот

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Том Хенкс е еден од најуспешните актери на сите времиња и еден од оние чии филмови редовно беа вбројувани помеѓу најголемите блокбастери.

Но, во текот на пандемијата нема услови за одржување гала-церемонии, ниту е возможно пред киноблагајните да се создаваат редици, па затоа и Хенкс мораше да ги промени своите навики. Тој ја одигра главната улога во филмот на Нерфликс – „Вести од светот“, со кој оствари огромен успех. Сепак, успехот на филмот не може да се измери во продадените билети, туку во податокот колку луѓе го стримувале преку интернет платформата.

Изминатата недела Хенкс го имаше најстримуваниот филм во светот на „Нетфликс“. Новиот филм „Вести од светот“ со Том Хенкс во главна улога сега се наоѓа на третото место на светската стриминг-листа на „Нетфликс“, но во поголемиот дел од неделата беше на првото место.
Листата беше објавена на Божиќ 2020 година за публиката во САД и на 10 февруари 2021 година за останатиот дел од светот.

Во филмот, Том Хенкс го глуми капетанот Џеферсон Кајл Кид, поранешен војник кој шета од град до град читајќи им весник на луѓето за одредена цена. Кид оди низ градовите со куп весници од различни градови и држави забавувајќи поголема публика, давајќи им информации за случувањата на далечните места.

Кид наидува на млада девојка, која ја глуми Хелена Зенгел, која е киднапирана и напуштена од племето Киова. Капетанот тогаш одлучува да ја однесе девојката на сигурно, поминувајќи низ западните рамнини на Тексас низ различни опасности.

Лесно е да се разбере зошто овој филм е еден од најстримуваните Особено е значајно кога ќе сфатите дека филмот го нема на Нетфликс во САД. Сепак, беше толку популарен на Нетфликс во другите земји во светот, што меѓународните гледачи го донесоа на врвот.

Филмските критичари предвидуваат дека „Вести од светот“ ќе има одлична сезона на награди. Се претпоставува дека филмот ќе биде номиниран, па дури и може да освои „Оскар“.

Во секој случај е интересно да се види како еден од првенците на филмската уметност се снаоѓа во „новото нормално“, а се однесува до оваа дејност тоа би можело да стане и перманентна состојба, бидејќи и онака бизнисот со кината во светот одамна се наоѓа на работ на финансиската издржливост. Според поголем број анализи, по завршувањето на општата опасност од заразата со коронавирусот, кога животот конечно ќе се врати во нормала, филмската продукција нема да може да се врати по старо, туку најголемите и најскапите филмови ќе се емитуваат преку платформите за стриминг, што несомнено ќе има големо влијание и врз самите филмови кои вообичаено беа правени за „големото платно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот